Нема „играње“ со Мурињо: Заминуваат уште 2 играчи

    Жозе Мурињо направи многу измени од доаѓањето во Јунајтед.

    Мурињо ова лето стигна во Манчестер, па веднаш беше јасно дека ќе прави големи измени. Денес медиумите пишуваат дека Швајнштајгер не е единствен играч кој ќе замине од Јунајтед поради Мурињо.

    Мурињо на листата за „бркање“ има уште 2 играчи. Тој ќе се обиде да ги продаде во јануари Смолинг и Шо бидејќи не е задоволен од нивните игри.

    Ова не е прв пат Мурињо да прави големи измени во екипата, па да се откажува од важни играчи. Покрај овие 2 играчи сигурно е дека Швајнштајгер ќе го напушти тимот оваа зима, а се шпекулира дека нов клуб може да побара и Михтаријан.