Нема крај на добрите вести за Карлос Тевез


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Карлос Тевез својата кариера речиси сигурно ќе ја продолжи во редовите на кинескиот Шангај.

Тевез минатата недела имаше простување од навивачите на Бока Јуниорс што сите го толкуваат како потврда дека тој ќе се пресели во Кина. Иако многумина веруваат дека има уште многу да понуди, на крајот Тевез не можеше да одолее на милионите од далечната Азија.

Аргентинецот во својот нов клуб би требало годишно да заработува речиси 30 милиони фунти. Сепак, иако најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Кина, тоа не значи дека вратата во репрезентацијата на Аргентина ќе биде затворена.

„Доколку Тевез го постигне највисокото ниво на својата игра во Кина, тогаш сигурно ќе добие повик. Лавеци во Кина ја врати формата и добиваше повици. Нема да му се затвори вратата на репрезентацијата само затоа што ќе игра во Кина“, изјави селекторот на Аргентина, Едгардо Бауз.