Нема некој што ќе им застане на патот на Сити и Ливерпул: Манчестер Јунајтед повторно киксираше


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во периодот од 16:00 часот беа одиграни шест натпревари од 13. коло во англиската Премиер лига.

Манчестер Сити продолжи со високото темпо и без проблем со 4:0 славеше на гостувањето кај Вест Хем.  Силва, Стерлинг и Сане од 11 до 34 минута во првиот дел ја најавија победата, а точка на средбата стави Сане со својот втор гол во 93. минута.

Ливерпул ја запиша својата десетта победа оваа сезона и остана на негатива од два бода зад Манчестер Сити. ИЗбраниците на Клоп со 3:0 славеа на гостувањето кај Вотфорд.

За разлика од нив, пак, Манчестер Јунајтед продолжи со мизерните настапи и на свој терен не успеа да го совлада Кристал Палас ремизирајќи без голови.

Резултати:

Брајтон- Лестер 1:1

Евертон- Кардиф 1:0

Фулам- Саутемптон 3:2

Манчестер Јунајтед- К. Палас 0:0

Вотфорд- Ливерпул 0:3

Вест Хем- Манчестер Сити 0:4