Нема полошо: Реал Мадрид ја игра најлошата сезона во последните две децении…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ништо не му оди од рака на Реал Мадрид од почетокот на сезоната.

Не помогна многу нути рокадата на тренерската позиција каде Сантијаго Солари го замени Џулиен Лопетеги, Аргентинецот врза неколку победи, но на површина повторно испливаа истите проблеми.

Педантните статистичари во Шпанија открија сдека ова е најлошата сезона на Кралевите во последните 20 години бидејќи оттогаш последен пат врзале десет порази во сите натпреварувања во полусезоната.

Примера работи, Зидан изминатата сезона загуби девет што значи дека Реал веќе по пет месеци натпреварувања ја престигна таа бројка.

Во 2019. година, екипата на Сантијаго Солари победи на само два од пет меча, а последниот го загубија од Леганес, иако минувањето во следната рунда од Купот на Кралевите беше обезбедено поради победата од 3:0 во првиот меч.

Лошите вести стигнуваат и од болницата бидејќи Бејл, Асенсио, Крос, Куртоа, Маркос Лјоренте и Маријано или се повредени или неупотребливи.

Дуелот од втората фаза во ЛШ против Ајакс се наближува…