„Немој да одиш во Реал Мадрид“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот играч на Монако, Мбапе го полуде светот оваа сезона.

18-годишниот играч привлече големо внимание на европските гиганти. Јунајте, Реал Мадрид и Барселона с етимови кои би сакале да го видат во својот тим и подготвени се за него да одвојат неверојатни цифри.

Засега се споменува заминување во Реал, иако тој во 2013-та година одби да потпише договор со нив.

Поранешниот играч на Франција, Роберт Пирес му даде совет на Мбапе.

„Мислам дека би можел да му дадам вистински совет. Сметам дека треба да остане во Монако барем уште 2 сезони. Сеуште е млад и му треба редовна минутажа. Реал е меѓу најдобрите тимови во светот, но таму има голем притисок.“

Мбапе оваа сезона одигра 32 натпревари и постигна 19 голови и 11 асистенции во сите натпреварувања.