Неочекувано: Милан му „заби нож во грб“ на еден од своите фудбалери!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Милан почнаа неодамна да се подготвуваат за новата сезона, а навивачите се надеваат дека клубот конечно ќе се врати во самиот врв на италијанскиот и европскиот фудбал.

„Росонерите“ имаат големи проблеми поради новите сопственици, а богатите Кинези кои стигнаа пред една година сега го напушти „Сан Сиро“.

Милан во наредниот период ќе се подготвува во САД, но очигледно без Рикардо Монтоливо. Италијанските медиуми пишуваат дека тој стигнал со куфери на стадионот и бил подготвен за пат, но во последен момент дознал дека не е на листата со патници.

„Кориере дела Сера“ пишува дека во Милан решиле да ја прекинат соработката со Монтоливо, кој има договор на уште една година, но најверојатно за краток период ќе замине од екипата.

Овој искусен играч лошо ја прими одлуката и потоа одби да разговара со тренерот Џенаро Гатузо, зашто верува дека заслужил на убав начин да дознае и да се прости со соиграчите и навивачите.