Несторовски: Не одиме во Торино на прошетка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Членот на италијански Палермо, Илија Несторовски потенцираше дека нашата репрезентација има квалитет, а тоа го покажала во последните натпревари кои ги одигравме изминатата година.

Нестпровски  истакна дека ќе го дадат максимумот за репрезентацијата и дека во Торино не одат на прошетка.

„Имаме квалитет, во последната година одигравме неколку одлични натпревари против силни репрезентации, така што мислам дека и на Италија не им се однапред запишани бодовите од натпреварот во петок. Тие само теоретски можат до првото место во групата и затоа сметам дека растоварени ќе влезат во дуелот. За нас е важно што ќе имаме можност да уживаме во пресметката, среќни сме што играме за репрезентацијата и ќе го дадеме максимумот. Не одиме на прошетка, туку да се обидеме да оствариме позитивен резултат“- изјави Несторовски.