Нејмар ги налути соиграчите, Меси му испрати јасна порака!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар ги налути соиграчите пред неколку недели кога го пропушти натпреварот против Депортиво.

Тој изјави дека имал проблем со повреда, но на крајот беше дознаено дека тоа го направил затоа што не сакал да го пропушти роденденот на својата сестра.

Барселона беше поразена со 2:1, а некои играчи беа бесни на Нејмар.

Сепак, Меси најде начин да му објасни на Бразилецот што треба да направи за да се оправда пред соиграчите.

Барселона е моментално 2-ра на табелата со 2 бодови зад Реал и ја бара својата 4-та титула во последните 5 години.

Според медиумите, Меси пред неколку денови разговарал со Нејмар за ситуацијата во клубот во кој се најде по натпреварот со Депортиво.

Наводно, Меси му кажал на Нејмар дека треба да игра одлично до крајот на сезоната, па ако Барселона ја освои титулата, тогаш се ќе му биде простено.