Нејмар поради прослава на гол се соочува со казна од ФИФА?

Играчот на Барселона на натпреварот против Парагвај одлучи да го прослави својот гол, кој подоцна беше поништен, така што го зема корнер знаменцето и застана во позиција како да имитира држење на пушка.

Не е познато која е причината за оваа прослава на фудбалерот, но тој би можел да биде казнет од ФИФА.

Кавани поради слична постапка на натпреварот ПСЖ-Ленс беше казнет со жолт картон, а потоа поради протест беше и исклучен, па многумина сметаат дека Бразилецот би можел да очекува некаква казна.

Некои се сложуваат дека Нејмар би требало да биде казнет барем со жолт картон поради земање на корнер знаменцето.