Не е само Баерн: Лут ривал на Челси се интересира за Худсон- Одои


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Билд“ пренесува дека од таборот на Ливерпул ја разгледуваат ситуацијата околу фудбалерот на Челси, Калум Худсон Одои.

За младиот фудбалер сериозен интерес имаше од Баерн Минхен клуб кој се обиде да го донесе Худсон Одои во јануарскиот преоден рок.

Сепак, Челси тогаш одби три понуди, а последната беше во висина од 40 милиони фунти.

Актуелниот договор на фудбалерот кој доби и дебитантски повик во репрезентацијата на Англија со Челси истекува во 2020 година, и јуни ќе биде последниот период кога Челси ќе може да го продаде и да заработи на неговиот трансфер.