Не му е само Манчестер Сити во „крвта“: Агуеро откри каде уште би играл


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Напаѓачот на Манчестер Сити, Агуеро во последно време често се поврзува со заминување од клубот. Фантастичниот играч наводно го сака Реал, но и ривалите од Англија, Челси и Арсенал.

    Сепак, во разговори за медиумите, тој го откри името на клубот за кој би играл по кариерата во Сити.

    „Среќен сум што играм во Манчестер Сити. Кога ќе ја завршам кариерата во Англија, ќе се вратам дома и ќе заиграм за Индепендиенте.“

    Исто така, тој изјави дека е среќен што игра за Гвардиола, а заборуваше и за интересот на Реал Мадрид.

    „Реал мадрид? Убаво ми е во Сити и сакам да работам со Гвардиола. Меѓу нас нема никакви проблеми. Ми помага дополнително да напредувам.“

    Оваа сезона Агуеро има постигнато 14 голови во 15 натпревари.