„Не одам во Барселона, вие сте досадни луѓе“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, се одлучи преку друштвените мрежи да се огласи по повод спорните фотографии со торба од чипс на која беа обележја од Барселона.

Таа фотографија ги  налути навивачите на Реал Мадрид, а сите светски медиуми одма продолжија да шпекулираат околу можниот трансфер на Иско во каталонската екипа.

Сепак, тоја се одлучи на интересен начин ова информација да ја демантира преку Твитер профилот.

„Не одам во Барселона, вие сте досадни луѓе. Оваа фотографија порачува дека ќе ги победиме. Патем, дури не го ни пробав тој чипс“, напиша Иско.

Ќе видиме дали оваа порака ќе биде доволно за навивачите на Реал да се смират.