„Не постои тим кој е непобедлив“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Челси утре ќе го отворат 17-то коло во ПЛ со натпреварот против Кристал Палас.

Тренерот на Челси, Антонио Конте зборуваше за одличната низа на својата екипа.

Челси има 10 победи по ред во ПЛ и по се изгледа дека никој не може да ги сопре, но така не мисли Конте.

„Не постои тим во светот кој не може да биде победен. Сега за нас е многу тешко бидејќи играме против тимови кои немаат што да изгубат кога играат против нас. Токму поради тоа тие тимови играат многу агресивно и со многу мотив бидејќи сакаат да победат екипа која има 10 победи по ред.“

„Имаме голем мотив да ги земеме трите бодови и тоа е најважно за нас. Ако продолжиме со победите, тоа би било фантастично. Дефинитивно одиме на победа.“