„Не сакам повеќе да губам време, вака сум бескорисен“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Асмир Беговиќ не сака повеќе да седи на клупата на Челси.

Голманот настапи само на 5 натпревари за Челси и е резерва на Куртоа.

Беговиќ сака повеќе простор за игра, па подготвен е да замине, а до крајот на преодниот рок би можел да го засили Бурнмут.

„Разговарав со шефот и се му кажав отворено. Сакам да бранам и тој тоа добро го знае. Тпј прави се за да ми помогне и се ќе се знае во наредните денови. На лето ќе наполнам 30 години и се чувствувам дека сум во фантастична форма.“

„Не сакам да губам време, сакам да им покажам на сите што знам.“

Конте најави дека ќе замине голманот, но само ако клубот најде вистинска замена.

„Ќе го пуштиме да замине, но само ако најдеме вистинска замена. Ако не успееме во тоа, Асмир ќе остане и верувам дека таа опција нема да ми пречи.“

Понуда за Беговиќ стигна од Бурнмут кој би го сакал да го види на нивниот гол.