Не се паметат вакви критики: Медиумите на Апенините удрија по Манџукиќ и „големиот“ Роналдо…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мадриѓаните славеа со 2:0, па за себе создадоа солидна шанса пред реваншот во Торино. Ѕвездите на „Старата дама“ не беа на потребното ниво, па италијанските медиуми распалија по нив.

Особено мета критика се Манџукиќ и Роналдо.

„Хименез и Годин му дадоа анестезија. Беше збунет, наиде на рамни на себеси“, пишува Газета дело Спорт.

Ниту Кристијано Раоналдо не брилјираше, баш напротив. Дочекан е жестоко од страна на домашните навивачи, на теренот потполно се загуби.

„Го видовме најлошиот Роналдо. Беше донесен да прави разлика“, истакна Газета.

Алегри по меѓу меѓу останатото зборуваше за стилот на играта на „Јорганџиите“, покрај, Роналдо…

„Нема смисла да се плаче. Атлетико така игра веќе осум години, секогаш те тера да играш лошо, ти го расипува ритамот и ја забавува играта. Во еден момент, во втор момент создаваат шанси пред голот. А уште и погрешивме во второто полувреме бидејќи игравме како нив“.

„Повеќе се фокусиравме на протокот на топка. Против нив мораш секогаш да бидеш трпелив и да чекаш шанса, тие се поинаква екипа од останатите“, истакна тренерот на „Старата дама“.