„Не се сеќавам на Шарапова!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанската тенисерка покажа голема непочит кон постарата колешка.

Гарбин Мугуруза, моментално најдобрата шпанска тенисерка, актуелна шампионка на Ролан Гарос и 7-ма тенисерка во светот даде неверојатна изјава.

Откако минатата година рече дека нема пријателство помеѓу колешките, за разлика од машкиот дел од тенисот, тоа навреди голем број колешки.

Овој пат таа даде неверојатна изјава за Шарапова која е многу поуспешна тенисерка од неа и која се враќа во април на теренот по завршување на суспензијата поради допинг.

„Тенисерките воопшто не се заинтересирани за приказната за нејзиното враќање. Јас лично не се сеќавам на Шарапова! Признавам дека тоа е добра вест за турнирите, пред се поради вниманието на медиумите и навивачите, но повторно, тоа не ме интересира!“