Не се среќни сите со доаѓањето на Пјонтек: Тинејџерската сензација на Милан не е сигурна дека ќе остане во клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот напаѓач на Милан, Патрик Кутроне кој имаше неверојатна дебитантска сезона во која постигна 18 погодоци во сите натпреварувања не е задоволен со статусот резерва во клубот.

Кутроне не добиваше многу шанси од првата минута ни во првиот дел од сезоната кога Игуаин беше прв избор, а не добива ни сега кога во срцето на нападот блеска Криштоф Пјонтек.

21 годишниот напаѓач веќе еден месец нема започнато натпревар за Милан, а оваа сезона од првата минута во Серија А играл само десет пати.

Јасно е дека талентираниот напаѓач не е прв избор за Гатузо, а токму поради тоа Кутроне се двоуми дали да остане во клубот. Тоа го потврди и неговиот агент кој не даде сигурен одговор дали неговиот клиент има иднина во Милано.

-Дали Кутроне ќе остане во Милан? Не знам, ќе видиме…- коментираше Донато Орњони во интервју за „Радио Марте“.