„Не сум единствен кој се тетовираше пред финалето на купот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Франкфурт го раскина договорот со Варела поради недисциплина.

Варела, кој е на позајмица од Јунајтед е казнет откако се тетовирал.

Тренерот на тимот му забранил тетовирање додека не го одиграат финалето на купот, но тој не го послуша. На негова несреќа местото на кое што се тетовираше се инфицирало и тој морал да оди на доктор.

„Се прашувам што би му направил Реал на Рамос, па тој се тетовира секоја недела. Не разбирам зошто сум казнет. Покрај тоа, јас не сум единствен кој се тетовираше пред финалето. Зошто правилата се поинакви за другите? Тоа е мистерија.“