„Ние сме глупави!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жесток напад на сопствениците на кинеските клубови стигна од Шангај Шенхуа. Тие ги напаѓаат сопствениците на клубовите дека се глупави.

„Се повеќе играчи во Европа сакаат да дојдат во Кина за да заработат. А и агентите на странските тренери договараат 3-годишни договори со кинеските клубови, а потоа си ги пакуваат куферите по само една година. Ние сме многу глупави.“

„Некои ѕвезди се постојано повредени, а причина е непрофесионалноста во нивниот приватен живот. Многумина овде доаѓаат за да пијат во ноќните клубови.“

За потенцијалниот трансфер на Тевез, Џингуи изјави:

„Тренерот и клубот се сложија дека ни треба играч со таков квалитет. Ние ќе се обидеме да го донесеме, но на пазарот постојано нешто се менува.“