„Ние сме пријатели!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мертенс даде изјава за медиумите дека тој и Игуаин се и понатаму добри пријатели.

Тие беа партнери во нападот на Наполи, пред Игуаин да премине во Јувентус за 90 милиони евра.

„Игуаин? Ние сме пријатели. Секогаш ми праќа порака за да ми честита ако играм добро на некој натпревар. Но знам дека на крајот, тој сепак сака да ме победи.“

„Тој е роден напаѓач. Штом се разбуди наутро, размислува само за голот.“

Мертенс смета дека неговото заминување е загуба за клубот, но тој сака да ја превземе главната позиција во тимот. Многумина ги критикуваат неговите завршници, но тој е сигурен дека со работа ќе го унапреди тој дел.

„Мајкл Овен беше роден напаѓач. Јас не се родив таков. Затоа понекогаш правам грешки пред голот.“

„Порано секогаш зборував дека асистенцијата е еднакво важна како голот. Но сега гледам, како напаѓач дека ако не постигнете гол, тогаш сите велат дека сте играле лошо.“