„Никогаш не коментирам одлуки на судии! Ова беше заслужена победа!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри изјави по натпреварот против Милан  дека неговиот тим заслужено победил.

Беше тоа интересен натпревар во кој на крајот победи Јувентус во последните секунди од пенал.

Алегри изјави дека неговиот тим никогаш не се предава.

„Натпреварот беше готов. Бев веќе во тунелот и преферирам да не гледам вакви пенали. Беше помеѓу победи и реми. Пауло одлично постигна гол од пенал.“

„Никогаш не ги коментирам одлуките на судиите, без разлика на тоа дали се во наша корист или против нас. Вечерва Јувентус заслужи победа, игравме подобро од Милан. Многу сме блиску да стигнеме до ново Скудето.“

Да потсетиме, Јувентус сега има 11 бодови предност пред Рома.