Ништо од Интер: Фудбалерот го продолжи договорот со Лацио


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лукас Биглија и во продолжението на сезоната ќе го носи дресот на Лацио. Од клубот соопштија дека продолжувањето на соработката наскоро ќе биде официјално.

Биглија тука игра 3 и пол години, а со новиот договор ќе остане до 2019 година.

Кога станува збор за финансискиот аспект, фудбалерот и раководството најдоа заеднички јазик. Неговата плата и понатаму изнесува 1.4 милиони.

Да потсетиме, Биглија беше поврзуван со Интер, од каде што наводно беше испратена понуда за него, но по овие информации јасно е дека нема да има ништо од тоа.