Ништо од најавеното: Еве која ќе биде улогата на Руни во мечот каде ќе се прости од националниот дрес…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот, Вејн Руни нема да биде капитен на Англија и нема да го носи дресот со број 10 во последниот меч за репрезентацијата во дуелот против селекцијата на САД на лондонски „Вембли“, пренесоа денес британските медиуми.

Некогашниот фудбалер на Евертон и Манчестер Јунајтед последен пат за репрезентацијата играше во ноември 2016. година во победата против Шкотска (3:0).

Тој од репрезентацијата ќе се прости на 15. ноември на „Вембли“ што ќе биде и хуманитарен меч, бидејќи целиот приход ќе замине во Фондацијата Вејн Руни.

Руни ќе одигра 120. пат за Англија, но нема да биде капотен, нема да го носи дресот со бројот 10 и ќе го започне мечот од клупата, односно кратко ќе биде на теренот, пренесе „Скај“.

Тој е најдобар стрелец во репрезентацијата на Англија со 53 погодоци и втор играч по бројот на настапи за државниот состав по голманот Питер Шилтон, кој одигра 125 меча.

Шилтон го критикуваше селекторот, Герет Саутгејт поради одлуката за враќање на Руни во репрезентацијата, а фудбалерот на Ди Си Јунајтед е возбуден што ќе игра на „Вембли“.

„Играњето за Англија е најголема чест во мојата кариера, па 120. и последен натпревар за мене ќе биде од особено значење за мене“, истакна Руни.