Ништо од работата: Анри не се договори со францускиот гигант!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот француски фудбалер Тјери Анри одби шанса да го преземе Бордо.

Претходните недели се шпекулираше дека поранешниот играч на Арсенал е пред ангажман во Бордо, но очигледно такво нешто нема да се случи.

„Да, Анри ја сакаше таа работа. Интелигентен е и има квалитет. Само останува прашањето е дали е подготвен да се жртвува себеси за тренерската работа“, кажа Арсен Венгер пред неколку дена.

Меѓутоа, сега се појавија информации дека Анри не се договорил со Бород, а дека проблем биле неговите поставени услови. Наводно, барал поголема плата од таа која му ја понудиле.

Анри е во моментов асистент на Роберто Мартинез во репрезентацијата на Белгија, а тоа му е прва тренерска работа.