Ништо од трансферот на Имобиле во Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И покрај шпекулациите кои кружеа дека Милан е заинтересиран за Имобиле, италијанскиот репрезентативец ќе потпише нов договор со тимот на Лацио.

„Скај Спорт Италија“ пренесува дека Имобиле сепак останува меѓу првите опции за Милан за напаѓачката позиција, но „Газета дело Спорт“ јавува дека Лацио подготвува нов и подобрен договор за одличниот напаѓач.

Доколку не го продолжи договорот, Лацио за него ќе бара сума од 60 до 80 милиони евра, пари кои тешко дека Милан ќе може да ги плати.

Имобиле имаше одлична сезона зад себе со 41 постигнат гол во вкупно 47 натпревари.