Ништо се уште на повдиок: Лице во лице, Ремзи чека да му се соопшти одлуката од раководството на Арсенал?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште пред еден месец, новинарите на Мирор најавија дека Арон Ремзи ќе го напушти Арсенал летово и дека ќе може да замине без обештета. Меѓутоа, тоа на играчот никој во лице тоа не му го соопштил до денес. Како што пишува Дејли Мил, на Ремзи му е кажано дека може да замине и дека главна причина за тоа лежи во финансиската природа.

Самиот играч се желеше на новинарите изминатата седмица дека никој ништо лично не му соопштил околу тоа, но „Топчиите“ сега му кажале дека ќе ја повлечат понудата и ќе дозволат да му истече договорот до крајот на сезоната. Најмногу од финансиски причини.

Арсенал мисли дека нема да може да го продаде Ремзи на зима, а и самиот играч ќе добие повеќе пари кога ќе потпише за новиот клуб следното лето. Како што нагласува Дејли Меил, четири екипи ја следат ситуацијата околу Ремзи, Јувентус, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Челзи.

Ремзи потпиша за „Топчиите“ уште од 2008. година кога пристигна од Кардиф, а до денес одигра 343 натпревари за тимот од Северен Лондон.

Оваа сезона одигра 12 натпревари во сите натпреварувања.

Во текот на летото како што се посочува одбил 50 милиони фунти тешка понуда за Ремзи, а ако навистина е така, тогаш „Топчиите“ ќе бидат многу незадоволни со таквата одлука.