Ни Меси ни Роналдо: Ова е најдобриот фудбалер според Един Џеко


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Рома, Един Џеко кој оваа сезона игра доста променливо во едно интервју за италијанските медиуми истакна кој е најдобриот светски фудбалер според него.

Босанскиот „дијамант“ истакна дека според него ниту Меси ниту Роналдо не се најдобри фудбалери во моментов, туку тоа е Златан Ибрахимовиќ кој игра на врвно ниво и на 37 години.

„Според мене Ибрахимовиќ е најдобар. Дури и со 37 години се уште е на врвот“ –истакна Џеко кој оваа година има постигнато 12 погодоци за „Римската волчица“.