„Новата сезона е предизвик за мене“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот шпански тенисер, Давид Ферер е мотивиран пред стартот на новата тениска сезона и покрај падот во 2016 година.

Прв пат во последните 8 години Ферер не заврши во топ 10. Моментално е 21-ви на АТП листата.

„Секогаш е тешко кога ќе изгубите повеќе натпревари од тоа што сте навикнати, но тоа е дел од процесот. Имам 34 години, а во последните 7 години завршував во топ 10. Оваа година завршувам на 20 место, но се радувам на новата сезона, тоа е голем предизвик за мене.“