Нова авантура: Седлоски преговара со босанска екипа!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Широки Бриег почна да бара нов тренер, откако го раскинаа договорот со поранешниот стратег Борис Павиќ.

Дека постојат контакти со македонскиот тренер потврди и самиот Седлоски.

„Тешко е да кажам било што во моментов. Контакти имаше, мислам дека сме блиску, но ќе видиме. Не би сакал да се зборува ништо поради почит кон луѓето од клубот. Најдобро е да почекаме два-три дена“, кажа Седлоски.

Седлоски со Вардар ја освои титулата во македонската Прва лига, а во квалификациите тогаш го елиминираа Малме, додека против Копенхаген имаа резултат за плејоф во Лигата на шампиони до 75. минута.