Нова „бомба“ во најава: Сунинг може да го донесе Меси во Интер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот италијански репрезентативец Едер во моментов настпаува во Кина за Џиангсу Сунинг, кој има ист сопственик како и Интер.

Едер пред неколку сезони стигна во Интер како големо засилување од Сампдорија, но не се покажа на „Меаца“. Ова лето реши да замине во Кина, каде што ќе заработува многу пари, ако ништо друго.

Едер е воодушевен од начинот на кој управата на Интер ги извршува работите и се верува дека тимот набрзо ќе се врати во европскиот врв.

Исто така, порача дека не е невозможно „Сунинг групата“ да го ангажира Лионел Меси во Интер.

„Го видов царството кое Сунинг го изградил и тие сигурно ќе донесат дел од тоа во Интер. Фамилијата им е на прво место, а Интер е дел од фамилијата. Во наредните години ќе видите колку можат. Парите не им се пречка и сигурен сум дека ќе го донесат Меси“, вели Едер.