Нова тешка повреда за Дел Потро – следува долга пауза!?

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро се повреди на Мастерсот во Шангај.

Неговата екипа соопшти дека Аргентинецот го повредил коленото, па ќе мора да паузира долго време.

„Ова е многу тежок момент. Тажен сум. Ова е силен удар кој ме остави без сила. Тешко ми е повторно да мислам на рехабилитација“, кажа Дел Потро.

Дел Потро нема да настапи на завршниот турнир, кој се игра од 11. до 18. ноември во Лондон.