Нова ѕвезда е родена: Кин се запиша во историјата на италијанскиот фудбал (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италија со победа против Финска од 2-0 ги почна квалификациите за Евро 2020 година, а еден од стрелците беше и младата надеж на италијанскиот фудбал, Мојс Кин.

Напаѓачот на Јувентус, кој има потекло од Брегот на Слоновата коска, го постигна вториот гол на мечот и така стана втор најмлад стрелец на четирикратниот светски шампион.

Рекордер е Бруно Никола од 1958 година кога стана најмлад стрелец на само 18 години и 258 денови. А, тоа значи дека Кин со 19 години и 23 денови е најмлад стрелец во последните 60 години.

Тој е член на Јувентус, за кој сезонава одигра седум натпревари во сите натпреварувања и постигна три голови.