Новиот Анри во лето ќе направи спектакуларен трансфер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот напаѓач на Монако, Мбапе привлече големо внимание на себе со одличните игри оваа сезона.

Овој 18-годипен играч кој го нарекуваат новиот Анри, досега постигна 19 голови во сезона и тоа е најдобра препорака на европските гиганти.

Според некои медиумите Манчестер Сити почнале да се распрашуваат за него и заинтересирани се да го донесат во лето со оглед на тоа дека се сигурни дека станува збор за одличен напаѓач за во иднина.

Монако нема намера да го продаде за помалку од 50 милиони фунти, а тоа е нереална цифра за еден 18-годишен играч.

Вреди да се каже дека освен 19 голови, тој има и 14 асистенции.