„Новиот Бејл“ стигнува во Ливерпул!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Клоп сака да го засили тимот за наредната сезона, но како и секогаш Германецот размислува за иднината.

Јасно е дека на Ливерпул му требаат добри засилувања во вид на веќе формирани фудбалери кои би им се спротиставиле на најсилните тимови во Англија.

Управата на тимот заедно со Клоп уште сега работат на скаутирање на играчи и составување план за наредниот преоден рок, а Германецот е заинтересиран за еден играч.

Ливерпул е заинтересиран за еден од најталентираните англиски фудбалери, Рајан Сесењо кој го потврди својот талент во Чемпионшип вчера со два погодоци.

Овој играч доби шанса кај Јокановиќ оваа сезона и ја искористи.

Подобро игра со левата нога, па ја покрива позицијата покрај левата аут линија, а многумина сметаат дека е толку добар што го споредуваат со Бејл, кој исто така започна во Чемпионшип лигата.

Како Бејл, така и Сесењо на почетокот на својата кариера покрива позиции на лев бек, но поради својата брзина би можел како Бејл да биде прекомандуван и на крило.

Во Ливерпул сметаат дека имаат големи шанси да го донесат наредното лето, а се шпекулира дека Фулам ќе се согласи за 10 милиони фунти да го продаде својот фудбалер.