„Новиот Пирло“ ги откри своите намери: Гигантите може да подготвуваат понуди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голем број екипи се заинтересирани за младиот Сандро Тонали, кој многу потсетува на начинот на игра на легендарниот Андреа Пирло.

Младиот Тонали настапува фантастично во дресот на Бреша во Серија Б, а исто така е многу добар и во репрезентацијата на Италија до 21 година.

Јасно е дека пред него следува голема иднина, а го поврзуваат со Интер, Милан, Наполи, Рома, Челси, Арсенал и Манчестер сити, но Тонали има само една желба.

„Би сакал да останам во Италија“, кажа младиот Тонали за италијанските медиуми.

Тоа не мора да значи дека премиерлигашите ќе се откажат од борбата за неговиот потпис, но дефинитивно предност ќе имаат Италијанците.