Новицки се надева дека може да игра уште две сезони


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатиот месец германската ѕвезда од тимот на Далас Маверикс потпиша нов двегодишен договор вреден 10 милиони долари. По крајот на минатата сезона сите го отпишаа Дирк дека би можел да продолжи со игра во НБА, но тој изгледа самоуверен дека ќе си го изработи договорот пред да оди во пензија.

 

“Потпишав нов договор и се надевам дека ќе можам да го одработам пред да одам во пензија. Минатата сезона имав повреда која ме одвои од терените цели два месеци и тоа беше многу фрустрирачко за мене. Со малку среќа во новата сезона повредите ќе ме остават на мира и ќе можам да играм што повеќе натпревари. Но, ќе видиме што ќе каже телото.” – низ насмевка говореше Дирк Новицки.

 

39-годишниот Дирк Новицки влегува во 20-тата сезона во НБА лигата и сите 20 сезони тој ги помина во дресот на Далас Маверикс.