Новогодишниот спектакл заврши: Ливерпул го победи Манчестер Сити!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул стигнаа до победа во дербито од 19-то коло во ПЛ против Манчестер Сити со 1:0.

Ливерпул крајот на годината го дочека со победа и ќе остане на 6 бодови помалку од Челси.

Тимот на Клоп игра одлично оваа сезона, а тоа го покажа и против Сити.

Во 8-та минута од натпреварот Ливерпул благодарение на голот на Вајналдум стигна до предност.

Во  29-та минута Фирмињо не искористи неверојатна топка од Милнер, па пропадна уште една шанса за домаќините.

Продолжението донесе малку повеќе игра од гостите, но вистински шанси немаше, па резултатот остана ист до крајот на натпреварот.

Сити ќе ја дочека 2017-та година на 3-то место со 10 бодови помалку од Челси, кој е на првата позиција.