Нов клуб од Серија А со интерес за Несторовски

Најдобриот напаѓач на Палермо, Илија Несторовски сигурно ќе си замине од редовите на сицилијанскиот тим откако не успеаја експресно да се вратат во Серија А.

По сериозниот интерес од Торино и Евертон, уште еден клуб се распрашува за нашиот репрезентативец, Илија Несторовски.

Нов тренер на Болоња е славниот Пипо Инзаги, а Енрико Бонзанини од „Радио Болоња Уно“ пренесува дека токму тој инсистира Несторовски да биде донесен на „Ренато Да Лара“.