Нов конфликт меѓу Зидан и Перез?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Зинедин Зидан и претседателот Флорентино Перез повторно влегоа во конфликт, пренесуваат шпанските медиуми.

Јавна тајна е дека тие двајца не се во добри односи, неодамна имаа конфликт поврзан со младиот Мартин Одигард, а нова кавга наводно избила поради синот на Зидан.

Додека Перез во врска со Норвежанецот беше незадоволен што Зидан не сака да го води на подготовките со првиот тим бидејќи е премногу млад, сега на голот на својот тим со драга воља сака да го види Џанлуиџи Донарума отколку синот на својот  тренер.

Додека Перез смета дека младиот Италијанец е иднина на голот на Реал, Зидан смета дека неговиот син треба да добие шанса на Сантијаго Бернабе.

Нормално, целата оваа приказна мора да се земе со резерва со оглед дека главниот извор е дневниот весник Спорт чие седиште е во Барселона.