Нов проблем за Баерн, се повреди клучен играч


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На средината на овој месец (12 април) Баерн ќе игра против Реал Мадрид во рамките на Лигата на шампионите, а сигурно дека ќе биде некомплетен.

Проблеми со повредени фудбалери за Карло Анчелоти пред клучните натпревари во ЛШ.

После повредата на Даглас Коста кој е под голем знак прашање, се повреди и Мануел Ноер, па неговиот настап е неизвесен за мечот против Реал Мадрид.

Сепак, тоа не е крај за повредите.

Милер се повреди во текот на мечот со Аугсбург, доби удар од Кристоф Јанкер, дефанзивец на овој тим.

Сепак, го заврши натпреварот, рече дека е се во ред.

Два дена подоцна, Билд пишува дека има проблем и дека ќе ги пропушти наредните два натпревари на Баерн од Минхен, против Хохенхајм и Борусија од Дортмунд, но дека ќе се врати за мечот против Реал.

Проблем може да биде неговата кондиција, прашање е дали ќе може да го издржи целиот меч…