Нов скандал во светскиот фудбал: Не сакаат да одат на првенство без премии!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Афиканскиот куп на нации кој во Габон започнува на 14 јануари би можел да започне со една репрезентација помалку.

Фудбалерите на Зимбабве кој одлучија дека не сакаат да патуваат во Габон се додека сојузот не им ги исплати премиите и дневниците.

Премиите за настап на кои инсистираат изнесуваат по 5 илјади долари додека за дневница бараат 500.

„Најверојатно ќе играме, но ова е предмет на разговор и заслужуваме повеќе. Не бараме многу, но никој не сака да не слушне.“

Причина поради која премиите го сопираат заминувањето на Зимбабве кон Габон е тоа што фудбалскиот сојуз долго време  е во банкрот.

Зибабве ќе се наоѓа во група со Алжир, Сенегал и Тунис.