Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германецот Мануел Ноер, голман на Баерн, Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) го избра за најдобар во 2016 година.
На интернет страницата ИФФХС соопштено е дека на овогодинешното гласање на кое учествуваа новинари и стручнаци од 56 земји, избран е најдобриот голман во 2016 година.
Ноер со 156 поени убедливо се најде на првото место и така ласкавата титула ја однесе четврт пат по ред.
Џанлуиџи Буфон, голман на Јувентус, кој четири пати беше најдобар голман, овој пат со 91 поени остана на второ место, а трет беше Руи Патрисио, голман на португалската фудбалска федерација кој имаше 50 поени.
Резултатите од гласањето изгледаше вака:
- Мануел Ноер (Баерн Минхен) 156 поени
- Џанлуиџи Буфон (Јувентус) 91
- Руи Патрисио (Спортинг Лисабон) 50
- Клаудио Браво (Барселона/Манчестер Сити) 45
- Давид Де Геа (Манчестер Јунајтед) 37
- Јан Облак (Атлетико Мадрид) 31
- Уго Лорис (Атлетико Мадрид) 29
- Кејлор Навас (Реал Мадрид) 18
- Тибо Куртоа (Челси) 18
- Денис Онианго (Мамелоди Сандаунс) 5