„Обамејанг може да замине, но не во Баерн!“


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Обамејанг нема да биде продаден на Баерн. Барем така тврди Вацке, кој соопшти дека нема никакви шанси овој напаѓач да биде продаден на големиот ривал.

„Мислам дека ќе остане во Борусија, но ако Реал Мадрид или Барселона испратат голема понуда, ќе мора да размислиме. Тоа што сакам да го кажам е дека Обамејанг нема да биде продаден на Баерн.“

Претходните години неколку врвни играчи по одличните игри во тимот од Дортмунд, заминаа во Баерн. Меѓу нив се Левандовски и Хумелс, но по се изгледа дека на таа традиција во случајот со Обамејанг ќе и дојде крајот.

Овој играч е нивни член од 2013 година, а стигна од Сент Етјен и постигна дури 112 голови во 178 натпревари за Дортмунг. Оваа сезона постигна 32 голови во 36 натпревари неговата цена на пазарот можно е да достигне сума од 100 милиони евра.