Ова е крајот за Ковач во Минхен: Двајца французи во борба за тренерското место во Баерн!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот кикс на Баерн Минхен во германската Бундеслига предизвика незадоволство кај управата бидејќи сега актуелниот шампион има девет бода помалку од лидерот Борусија Дортмунд.

Поради тоа Нико Ковач е во тешка ситуација, па сите шпекулираат дека наскоро ќе добие отказ, а германски „Кикер“ пишува дека Баварците имаат две опции.

Една од нив е Зинедин Зидан, кој веќе долго време нема тренерски ангажман, но се прослави со Реал Мадрид, каде што освои неколку титули во Лигата на шампиони.

А, од друга страна како опција постои Арсен Венгер, кој наводно бил идеален кандидати, но уште не биле почнати преговорите со ниту еден од нив, па следниот период за Ковач во Минхен ќе биде навистина – пеколен.