„Ова е најдобриот тим на Арсенал во историјата“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал победија во 15-то коло од ПЛ против Стоук со 3:1 и така стигнаа до 2-та позиција на табелата со 34 бодови.

Првиот гол го постигна Волкот, фудбалер кој цел живот го помина во Арсенал.

Постигнатите резултати досега, донесоа самодоверба во овој играч, кој имаше една интересна изјава.

„Ова е најдобриот тим на Арсенал во кој имам играно. Многу добро се сложуваме, а тоа се гледа на теренот, но и по резултатите.“

Во 16-то коло Арсенал му гостува на Евертон.