Ова е планот на Арсен за јануари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дали Венгер планира да донесе засилувања во јануарскиот преоден рок?

Јануарскиот преоден рок се ближи, а медиумите веќе поврзуваат некои играчи со Арсенал, особено од нападот и од средината на теренот.

Венгер има маки со повредени играчи, не се во тимот Белерин и Казорла, 2-та стандарни првотимци, но Венгер смета дека има кој да игра на нивно место.

Венгер верува дека неговиот тим е во состојба да се натпреварува на највисоко ниво во ПЛ и во ЛШ оваа сезона, смета дека нема потреба за засилувања.

Дури и без Казорла, Венгер има многу опции на теренот, Џака одигра одлично против Вест Хем, а тука се уште и Арон Ремзи и Мохамед Елнени.

Во нападот има многу опции, Санчез игра како класичен напаѓач, а Жиру се пресели на клупата. Тука се уште и Волкот, Перез, како и Дани Велбек.

На позицијата десен бек Белерин го менува Габриел во моментов. Но нема потреба од засилувања.

Планот на Венгер е да донесе лев бек, но не во јануари, туку во лето.

Откако летово потроши 100 милиони фунти за Џака, Перез, Мустафи и Холдинг, Венгер сигурно нема да купува играчи во јануари.

Негова задача во јануари, но и до лето, ќе биде да потпише нови договори со Озил и Санчез, 2-те најголеми ѕвезди на тимот кои остануваат без договор во 2018-та година.