Овој играч е најголем срам на Барселона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Големата Барселона е горда на својата клупска традиција и голем број на младински играчи во првиот тим.

Лионел Меси, Чави Ернандез, Андрес Иниеста, Жерар Пике… Сите тие започнаа да играат во познатата академија на Барселона и со години ја носат играта на својот тим.

Некои и денес се тука, но некои ги нема. За некои немаше место и покрај тоа што најдобрите години ги поминаа во Барселона.

Еден од нив е Виктор Валдес. Навивачите на Барселона токму овој играч и неговата судбија ја сметаат за најголем срам на водството на својот клуб.

Голманот кој знаеше да направи големи грешки, но сепак учествуваше во походите на голем број трофеи, денес игра во ПЛ, а член е на Миделсброу.

По заминувањето од Барселона, тој играше и за Јунајтед, Стандард, а денес повторно се врати во ПЛ.

Но горчината остана. Зарем разделбата мораше да биде толку лоша? Зарем не можеше да се најде некое решение за клупската легенда? Впечатокот е дека можеше и мораше…