Одличните игри вродија со плод – Вестбрук го премина Бирд на вечната листа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вестбрук игра неверојатно оваа сезона.

Минатата ноќ тој беше најзаслужен за победата на Оклахома против Њу Орлеанс со 114:105 и така стигна до својот 23-ти трипл-дабл, односно 60-ти во кариерата.

На тој начин тој стигна до 5-то место на вечната листа, откако го премина Лари Бирд.

Најголем број трипл-дабл во историјата има Оскар Робертсон со 181, а следуваат Меџик Џонсон со 138, Џејсон Кид со 107 и Вилт Чемберлејн со 78.