Оле Гунар Солскјер во јануари ќе се обиде да донесе играч на Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот „Раи Спорт“ пренесува дека од Манчстер Јунајтед ќе се обидат во јануарскиот преоден рок да го донесат фудбалерот на Јувентус, Даглас Коста.

Бразилскиот интернационалец нема голема минутажа во Торино по доаѓањето на Кристијано Роналдо, па би бил отворен за трансфер на „Олд Трафорд“.

„Црвените Ѓаволи“ биле подготвени да понудат 60 милиони евра за услугите на Даглас Коста, сума која наводно била премала за Јувентус и која веројатно нема да ја прифатат.