Олимписката шампионка постави рекорд во Сао Паоло


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кениската атлетичарка Џемим Сумгонг победи на традиционалната трка во Сао Паоло во последниот ден од годината во која во Рио стана олимписка шампионка.

Сумгонг која победи во маратонот во Лондон, постигна време од 48 минути и 35 секунди на 35 километри.

Второ место, со 40 секунди заостанување, го завзема Фломен Даниел.

Претходниот рекорд, во време од 48 минути и 48 секунди беше поставен во 2011 година.

Машката трка беше неизвесна, а на неа победи Лојл Алем, кој во целта стигна за 44 минути и 53 секунди.

Уличната трка во Сао Паоло се одржува традиционално на 31 декември, а прв пат беше одржана во 1925 година.